Претседателот на Партијата за правда и помирување и поранешен главен муфтија на Мешихатот на Исламската заедница во Србија, Муамер Зукорлиќ, ненадејно почина вчера во Нови Пазар на 51-годишна возраст.

Погребот (џеназе) за академик Муамер еф. Зукорлиќ, поранешен муфтија на Санџак и кандидат за реис-л-улема на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, кој ненадејно почина вчера на 51-годишна возраст, се оддржа во 12.30 часот во Нови Пазар.

Градот Нови Пазар одлучи да ја прогласи недела 7 ноември 2021 година за Ден на жалост по повод смртта на Зукорлиќ. Општина Сјеница прогласи тридневна жалост на територијата на оваа општина поради смртта на Зукорлиќ. Погребот на Муамер Зукорлиќ ќе се одржи во селото Орље кај Тутин. „ Хатар ќе се одржи во семејната куќа во Орље“, соопшти Партијата за правда и помирување.













