Почина Муамер ефенди Зукорлиќ (Muamer Zukorlić), поранешен муфтија на Мешихатот на Исламската заедница за Санџак и Србија. Веста за смртта на ефенди Зукорлиќ ја објави новинарот Мирнес Ковач (Mirnes Kovač).

„На ахирет се пресели Муамер еф. Зукорлиќ. Веста ми ја потврди муфтијата Мевлуд Дудиќ (Mevlud Dadić), кој се враќа од Грац за Нови Пазар. Го молам Семоќниот да се смилува на Муамер еф., и да му даде сабур на неговото семејство“, напиша Ковач на „Фејсбук“.

Зукорлиќ е роден во Тутин во 1970 година. Основно училиште завршил во село Рибариќе, општина Тутин и медреса Гази Хусрев-бег во Сараево. Се запишал на Исламскиот факултет, отсек за шеријатско право, во Константин, Алжир, а дипломирал во летото 1993 година.

За прв претседател на Мешихат на Исламската заедница од Санџак е избран во октомври 1993 година со нејзиното формирање, а на таа функција е реизбран во 1998 и 2003 година. Постдипломските студии ги завршил во Либан.

На Собрание за обединување на Исламската заедница во Србија на 27.03.2007 г. Избран е за претседател на Мешихатот на Исламската заедница во Србија и главен муфтија, а во јули 2008 г. на изборите за Исламската заедница е реизбран за нејзин шеф.

Тој е еден од основачите на Бошњачката академија на науките и уметностите.

Пред две години тој беше и кандидат за реис-л-улема на Исламската заедница на БиХ, кога загуби на изборите од Хусеин ефенди Кавазовиќ.

Последниве години се занимаваше и со политика.


„Oslobodjenje“