Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа поплави во повеќе делови од главниот град на Босна и Херцеговина.

Излевањето на потоците и реките поради обилниот дожд поплавија дел од патиштата во Сараево, како и неколку населени места кои останаа без струја, пишуваат локалните медиуми.

VIDEO Sarajevo pod vodom, brojna kućanstva bez struje | 24sata

Под вода се голем број станбени објекти и приватни автомобили, а спасувачите евакуираат жители од загрозените места и ги преместуваат на безбедни локации.

Sarajevo: Prijeti urušavanje benzinske pumpe i motela - Posušje.info

Поради целата ситуација нема струја во голем дел од Сараево, некаде електричната енергија е исклучена поради безбедносни причини, а во некои места има дефекти во трафостаниците.

Sarajevo poplava | Info | Društvo

Вонредна состојба е прогласена во Трново.

Во населеното место Војковиќ дошло до свлечиште по течението на реката што загрозува многу објекти кои се наоѓаат таму.

Состојба на елементарна непогода е прогласена на подрачјето на општина Источна Илиџа, потврди првиот човек на оваа месна заедница Маринко Божовиќ, пренесе РТРС.

Tocka