Премиерот на Етиопија Абиј Ахмед истакна дека странските платеници заедно со Народниот фронт за ослободување на Тиграј се борат против етиопската армија во регионот Воло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на етиопската телевизија „ФАНА“ , премиерот Ахмед по состанокот со високи претставници на земјата за тековниот конфликт во земјата нагласи: „Странските платеници се борат заедно со Народниот фронт за ослободување на Тиграј против армијата.“
Наведувајќи дека има „бели борци“ меѓу платениците од странски земји, Ахмед рече дека Народниот фронт за ослободување на Тиграј ги користи луѓтое во својата војна против армијата.
Посочувајќи дека армијата усвои нова стратегија во конфликтот, премиерот Ахмед нагласи: „Армијата го одби нападот извршен од страна на нелегалните сили. Етиопија е во подобра позиција за да победи во војната.“
Anadolu Agency








