Израелските окупаторски сили ранија двајца, а приведоа 15 Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од очевидците, израелските окупаторски сили извршиле рација во кампот за мигранти во јужниот дел на градот Витлеем со цел да вршат приведувања.

Палестинците реагирале против рацијата на израелските окупаторски сили кои со вистински куршуми и солзавец интервенираа врз Палестинците.

Во интервенцијата двајца Палестинци биле ранети во нога, a потоа биле пренесени во болница.

Од друга страна, на Западниот Брег и Источен Кудс биле приведени 15 Палестинци.

Инаку, израелските окупаторски сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни тврдења приведуваат Палестинци.

По приведувањата кои станаа вообичаени на Западниот Брег и Источен Кудс, дел од Палестинците меѓу кои деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.

Anadolu Agency