Тунис: Спасени 125 нерегуларни мигранти во Медитеранот

by Administrator

На отворено море кај Тунис спасени се вкупно 125 нерегуларни мигранти, од кои 13 од Тунис и 112 од други африкански земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Тунис, Хусамедин ел-Џебабли, преку писмено соопштение информираше дека безбедносните сили реализирале шест различни операции во кои биле спречени обиди за илегална миграција.

Во соопштението се наведува дека вкупно биле спасени 125 нерегуларни мигранти, од кои 13 од Тунис и 112 од други африкански земји.

Нелегалните мигранти кои сакаат преку Медитеранот на илегален начин да преминат во Европа, земјите во северниот дел на Африка, како Тунис и Либија, ги користат како излезна точка кон Европа.

Anadolu Agency

You may also like