АНТАЛИЈА (АА) – Во туристичкиот бисер на Турција, Анталија, денес се одржа натпреварот „Ајронмен триатлон“, едно од најсложените спортски натпреварувања што вклучува пливање, возење велосипед и трчање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Натпреварот беше организиран во соработка со „Турсет проџект менаџмент“ и „Земјата на легендите“, а се натпреваруваа околу 2.300 спортисти од 88 земји.

Спортистите испливаа 1,9 километри, возеа велосипед 90 километри и истрчаа 21 километар.

Почетокот на трката од плажата „Кадрије“ во туристичкиот центар Белек го означија Ахмет Темурџи, шефот на Дирекцијата за меѓународна организација и надворешни односи при Министерството за млади и спорт на Турција, и Јавуз Гурхан, шефот на Канцеларијата за млади и спорт на Анталија.

Спортистите со пливање, трчање и возење велосипед поминаа вкупно 112,9 километри, а во Анталија по тој повод се собраа голем број љубители на спортот од целиот свет.

Натпреварот заврши со трчање во комплексот на Земјата на легендите.

Anadolu Agency