Фудбалерите на Интер од 12.30 часот играат на домашен терен против Удинезе, а интересно е тоа што на тренинг се појави Артуро Видал со неговата “Фиат Панда” .
Чилеанецот неодамна потроши богатство на Ферари, а утрово на Инстаграм објави дека купил Фиат Панда и дека му се остварил детскиот сон. Токму со тоа возило реши да дојде на тренингот на Интер.
„Животот ми даде можност да имам различни работи, но јас уживам во ситниците“, вели Видал.
View this post on Instagram
Supersport











