НЕВШЕХИР (АА) – Во регионот Кападокија, Турција, познат по своите природни, историски и културно богатства, како и по балоните со топол воздух, кои денес полетаа со турски знамиња и постери на Ататурк по повод 29 октомври, Денот на Републиката, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес во раните утрински часови турски знамиња и постери на Ататурк беа закачени на корпите на балоните на топол воздух во Кападокија, која е позната и по своите самовилски оџаци и долини покриени со природни карпести формации, историските манастири издлабени во карпа, подземните населби и разните туристички активности.

Кападокија се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Балоните, на домашните и на странските туристи им овозможуваат да ги видат убавините на Кападокија од воздух.

По подготовките, од местото Ѓореме и селото Чавушин балоните едно по друго се издигнаа на небото.
Активноста, која се одржа на изгрејсонце, траеше околу еден час.
Anadolu Agency










