Израелските окупациски сили, инсталираа надзорни камери на гробиштата Ал-Јусуфија (Al-Yusufiya) во Ерусалим (Jerusalem), коишто повторно почнаа со уништување со булдожерите, минатата недела, со цел да направат паркови и патеки за еврејските доселеници и туристи околу ѕидините на Стариот град, објави „Arab48“, пренесува „Dubai-Portal“.

Workers carry a tree near Al-Yusufiye Cemetery which is being turned into a park in Jerusalem, 25 October 2021 [Mostafa Alkharouf/Anadolu Agency]

На неколку локации и влезови на гробиштата беа поставени надзорни камери, но официјално соопштение од окупаторските сили за овој потег не е објавено.

إسرائيل تخلي المقبرة "اليوسفية" بالقدس من الفلسطينيين

Окупационите сили ги уриваа гробиштата, изложувајќи човечки останки закопани во делот каде што беа закопани арапските војници убиени, за време на војната во 1967 година.

Палестинскиот совет за донации, исламски прашања и свети места во Ерусалим (Jerusalem) ги осуди акциите на окупацијата, велејќи: „Гробиштата се едни од најважните и најистакнатите исламски гробишта во градот Ерусалим , кои се исполнет со посмртните останки на луѓето од град, високи научници, праведни луѓе, муџахедини и маченици“.

الاحتلال يثبت كاميرات مراقبة في محيط المقبرة اليوسفية والمقدسيون يواصلون الرباط فيها- (فيديوهات) | القدس العربي

Израел, се обидува да ја „избрише историјата на светиот град и неговиот автентичен арапско-исламски карактер и да го промени историскиот статус на градот“.

Советот ја повика окупацијата „веднаш да престане со овие прекршувања на историјата на светиот град и неговите исламски споменици и да престане со манипулациите и вандализмот, што влијае на светоста на гробиштата и мртвите“.

Во декември, 2020 година, општината ги урна скалите и оградата на гробиштата.

Во 2014 година, ги спречи граѓаните на Ерусалим (Jerusalem) да ги погребаат своите роднини во северната област на гробиштата и отстрани 20 гробови на јорданските војници кои беа убиени во 1967 година.


„Dubai-Portal“
„MEMO“