Дванаесет европски земји ја осудија израелската администрација што одобри изградба на 3.144 нови станбени единици во нелегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничката изјава за осуда на Израел се потпишаа Шпанија, Германија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Норвешка, Полска, Шведска и Финска.

„Ве повикуваме да не ја спроведувате одлуката за унапредување на планот за изградба на околу 3.000 нови станбени единици во населбите на Западниот Брег“, се вели во соопштението од 12-те европски земји.

Во изјавата, исто така, се додава:

„Ја повторуваме нашата решителност дека сме против политиките кои го прекршуваат меѓународното право, ги поткопуваат напорите за постигнување дводржавно решение и ги прошируваат населбите на окупираните палестински територии.“

Меѓу другото, во соопштението, исто така, се повикуваат израелските и палестинските власти „да продолжат да ги продлабочуваат чекорите преземени во последните месеци за зајакнување на соработката и намалување на тензиите и да ги спроведат сите одредби од Резолуцијата 2334 на ОН во насока на создавање неопходни услови за промоција на меѓусебната доверба и мирот.“

Anlodolu Agency