Египетските училишта воведуваат предмет „Мухамед Салах“

by Administrator

Големите успеси кои во кариерата ги постигнува фудбалерот Мухамед Салах ќе се изучуваат како наставен предмет во египетските основни и средни училишта како дополнителна инспирација за учениците да постигнуваат успеси во животот.

Како што пренесуваат американските медиуми, спортските успеси на египетскиот напаѓач на Ливерпул и еден од најдобрите светски фудбалери ќе се изучуваат во пониските одделенија, а повозрасните ученици ќе се запознаваат се сè што Салах има направено за да врати во општеството дел од својот успеси.

Во учебниците се наведува дека „Салах сака да им помогне на другите, бидејќи сака да им даде шанса на децата да успеат во животот“.

Nova TV

You may also like