АНКАРА (АА) – Приходот на Турција во третото тримесечје од 2021 година порасна за 181,8 проценти во однос на минатата година, кога е забележан пад на приходот поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, објави денес Заводот за статистика на Турција (ТуркСтат), јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција од јули до септември заработила 11,4 милијарди долари, додека во истиот период минатата година, кога ширењето на Ковид-19 доведе до колапс на меѓународните патувања, приходот изнесуваше 4 милијарди.
Благодарение на вакцинацијата против коронавирусот и укинувањето на ограничувањата за патувања во тримесечниот период Турција ја посетиле 13,6 милиони гости, што е за 143,4 проценти повеќе во однос на минатата година.
Во овој период, 84 проценти или 11,5 милиони гости се странци, а 16 проценти или 2,2 милиони се турски државјани кои престојуваат во странство.
Anadolu Agency








