Албанското обвинителство покрена истрага за масовното труење во Кроја, каде во последните денови се хоспитализирани речиси 400 лица, јавува албански „Дејли Мејл“
Од неделата во болница се пријавиле 370 лица, а извори од полициската управа наведуваат дека во градот биле поставени две цистерни со вода, за кои постои сомневање дека водата била помешана со канализациона вода, пренесува албански „Дејли Мејл“
Директорот на болницата во Кроја вели дека состојбата се следи и дека нема сериозни случаи на здравствена состојба на пациентот.
„Обезбедени се сите услови и лекови за лекување“, наведуваат од локалната болница.
Во меѓувреме, веќе се направени тестови, а надлежните ги чекаат лабораториските резултати на Управата за јавно здравје за да откријат што потенцијално може да предизвика кај луѓето да добијат симптоми на труење, пренесува „албански Дејли Мејл“.










