Бензинските пумпи низ Иран денеска се соочија со затворање, по сајбер напад.
„Врховниот совет за национална безбедност потврди дека имало сајбер напад врз компјутерскиот систем за дистрибуција на гориво“, објави државната телевизија „IRIB“.
Во локалните медиуми се појавија фотографии од долги колони автомобили кои чекаат да наполнат резервоари на бензинските пумпи во Техеран.
Иранска новинска агенција „ISNA“, објави дека им било јавено од луѓе кои се обидувале да купат гориво со картичка издадена од владата и дека наместо тоа добиле порака на која пишува „сајбер напад 64411“.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“









