АТИНА (АА) – Најмалку четворица мигранти загинаа при потонување на гумен чамец кај грчкиот остров Хиос, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Три деца и една жена ги загубија своите животи откако потонал гумениот чамец во кој се наоѓале, во југоисточниот дел на Егејското Море кај островот Хиос.

Во областа се пријавени силни ветрови кои достигнувале до 6-тата јачина на Бофоровата скала (39-49 километри на час).

Според Грчката крајбрежна стража, чамецот со 27 африкански мигранти се превртел денес во раните утрински часови. Досега се спасени 20 лица.

Во областа е во тек голема операција за пребарување и спасување со два патролни чамци на Крајбрежната стража, хеликоптер „Супер-Пума“, хеликоптер на Армијата на Грција, брод на НАТО, три рибарски чамци и три брода што пловат во околината и помагаат во потрагата.

Anadolu Agency