Мигрантските рути во Медитеранот очигледно се менуваат. Островот Лампедуза е сè помалку дестинација за луѓето кои доаѓаат од Африка – тие сè почесто го избираат брегот на Калабрија на крајниот југ на Италија за своја дестинација.
Околу 7.000 мигранти пристигнале во градот Рочела Јоника и околната општина во регионот на Калабрија во октомври, три пати повеќе отколку во текот на цела минатата година, пишува италијанскиот весник „La Republica“. Меѓу нив има и многу луѓе од Авганистан, потврди за телевизијата „Rai news“ претседателот на локалниот Црвен крст. Според пишувањата на медиумите, мигрантите се одлучуваат за нова рута од Египет или Турција и повеќе не се упатуваат кон италијанскиот остров Лампедуза. Така избегнуваат да бидат фатени од либиската крајбрежна стража.
Агенцијата „Ansa“ објави дека само оваа сабота речиси 330 мигранти пристигнале во Рочела Јоника со еден рибарски брод. Во тој мал град со околу 6.500 жители на крајниот југ на Италија, нема каде да се сместат толку многу луѓе. „Рочела направи многу, но не може да го направи невозможното“, ја цитира агенцијата изјавата на градоначалникот Виторио Зита.
„Dubai-Portal“
„DW“









