Здружението на палестински муслимански научници во понеделникот го осуди израелското уништување на исламските гробишта Ал Јусуфија (Al-Yusufiye) во окупираниот Стар град во Источен Ерусалим (East Jerusalem), јавува „Anadolu Agency“.
Во соопштението на здружението се наведува дека израелските власти не ги почитуваат чувствата на муслиманите со „јудејизирање“ на нивните гробови и дека таквиот чин ќе доведе до ескалација пред израелската окупација.
Здружението ги повика муслиманските научници од арапскиот и исламскиот свет да ги интензивираат своите напори за подигање на свеста за обидите за „јудејизирање“ на Ерусалим.
Во понеделникот, израелските општински власти продолжија со уништување и израмнување на земјата на гробиштата Ал Јусуфија (Al-Yusufiye), и покрај протестите на палестинските жители чии роднини беа погребани на гробиштата.
Шефот на Комитетот за зачувување на исламските гробишта во Ерусалим , Мустафа Абу Зехра (Mustafa Abu Zahra), за „Anadolu Agency“ изјави дека израелските општински тимови со булдожер го уништиле дел од земјиштето на гробиштата.
Тој додаде дека израелските власти се обидуваат да променат и да претворат дел од гробиштата во библиски градини.
Гробиштата Ал-Јусуфија (Al-Yusufiye), лоцирани веднаш до ѕидот што го опкружува Стариот град, се едни од најстарите муслимански гробишта во окупираниот Ерусалим.
И Западниот Брег (West Bank) и Источен Ерусалим (East Jerusalem) според меѓународното право се сметаат за окупирани територии.
„Dubai-Portal“
„MEMO“









