Израелските власти почнаа со работа за претворање на дел од муслиманските гробиштата Јусуфија, лоцирани во окупираниот Источен Ерусалим (Ал Кудс), во парк, јавува Anadolu Agency (AA).
Работниците на градежната компанија, придружувани од израелската полиција, денес со работни машини влегле во муслиманските гробишта, кои се наоѓаат во подножјето на источните ѕидини на Ал Акса, во Стариот град.
Работниците почнаа да работат во областа каде што претходно беа пронајдени коски, за кои по ископувањата беше откриено дека им припаѓаат на муслиманите.
Во еден момент работниците во придружба на полицијата со железна ограда затворија дел од гробиштата.
Во меѓувреме, полицијата ги отстрани Палестинците кои протестираа против работите на гробиштата.
На 10 октомври, група израелски работници уништија муслимански гробници лоцирани под ѕидовите на комплексот Ал Акса.
Ахмед ед-Дијани, шеф на Комисијата за заштита на муслиманските гробишта при Дирекцијата на Исламската фондација на Ерусалим, изјави за дека израелските власти во Ерусалим (Ал-Кудс) имаат за цел да изградат парк во областа.
Тој, сепак, нагласи дека областа е составен дел на гробиштата Јусуфија.
„Dubai-Portal“
„Anadolu Agency“









