На 25.10.2021 година околу 08 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга-Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(63) и В.Ш.(31), двајцата од струшкото село Велешта, од една и Б.Ѓ.(32), Д.Ѓ.(39), К.Ј.(40), сите од Вевчани, од друга страна. Тие се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 24.10.2021 година околу 09 часот, во ОВР Струга пријавен е физички напад врз Е.Д.(26) од струшкото село Корошишта, извршен во нејзиниот дом од членови во семејството при семејна расправија. Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.