Основачот на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, се наоѓа во посета на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).

Гејтс со луксузната јахта „Лана“ допатува во турскиот град Кушадаси, во областа Ајдин, од каде што замина во посета на античкиот град Ефес, во подрачјето на Измир.

Гејтс при излегувањето од возилото носеше капа и маска, а неговото обезбедување не им дозволуваше на новинарите да се приближат.

Во текот на двочасовната обиколка, за која претходно е направена резервација, беа запалени светлата во античкиот град. Гејтс со внимание го слушаше водичот кој даваше детали за античкиот град.

Anadolu Agency