Путин: „Укинувањето на правото на вето ќе ги уништи Обединетите нации“

by Administrator

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека лишувањето од правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе го уништи тоа светско тело.

Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН која има право на вето.

Како што пренесуваат странските агенции, постојаните членки со години се соочуваат со притисок да ја реформираат организацијата за да ги земат предвид промените во светската демографија и економијата од нејзиното формирање по Втората светска војна.

Сепак, Путин на состанокот со руските експерти рече дека укинувањето на правото на вето ќе ја сведе светската организација „на место за празна приказна“


„Nova“ Tv

You may also like