Жените од Кагизман во близина на Карс, град во источна Анадолија, Турција, деновиве заедно подготвуват зимница. Она што е неизбежно во подготовките за студената сезона е и складирање пилаф. Жените го подготвуваат пилафот со домашни производи, а откако ќе го направат, го пакуваат и го оставаат за да можат да го користат кога ќе дојде зимата. Жените од Кагзиман велат дека сушат јаболка, круши и сите плодови што растат на тоа место, со што се подготвуваат за зимата. Подготвуваат и пилаф, и секој штеди колку што му треба. – Ние користиме органски производи. Заедно ги правиме подготовките, истакнала една од жените.

Anadolija/Balkan News