Денес, своето право на глас го искористи и кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Демократската Партија на Албанците, г-дин Самир Муртезоски.

Сакам да им порачам на граѓаните да излезат во што поголема бројка и својот глас дадат за оние кои мислат дека се најдобри.

Нема потреба да се плашат за тоа доколку некој им се заканува или ги притиска. Занам дека такви работи имало и ќе има.

Читам по социјалните мрежи разно разни глупости, и коментари. Јас лично не сакам, и не им обрнувам внимание, туку моето внимание ќе го обрнам кон она што навистина на граѓаните им треба, а тоа е преку проекти во рамките на моите можности, овозможам подобар живот на граѓаните, а не трчај-лажи за сопствен интерес.

Бидејќи кампањата заврши и не сакам да се повторувам, на одние од другата страна кои ќе помислет да извршат било каков притисок, им пренесувам дека не се плашам, бидејќи сум, искрен, не лажам, не ветувам на празно, и што е најважно сум со чист образ, и такви луѓе му требаат на Струга.

Без разлика на исходот од резултатите на оваа гласање, јас и понатаму ќе продолжам да работам и бидам со народот.

Инаку г-динот Самир Муртезоски, гласаше во избирачко место 1911 во Осниовното Училиште “Гоце Делчев“ – Подгорци.