Претседателот на Алијансата на Албанците, г-дин Зијадин Села денес, во родното место Ливада го оствари своето гласачко право.
И тоај , како и г-динот Идри Истрефи, кандидат за градоначалник на Општина Струга од редовите на неговата партија и коалицијата Алтернатива, изрази надеж дека изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера, во која ќе му се дозволи на народот да ја искаже својата желба и доверба за тоа на кого ќе му ја довери Струга во наредниве 4 години.
Сенадевам дека нашите граѓани се доволно свесни, и дека нема да дозволат да подлегнат на било какви притисоци и закани, на кои веќе поодамна сме навикнале, а беа спроведувани, се надевам дека знаете и тоа не сакам да го повторувам истакна г-динот Села, притоа порачувајчи граѓаните слободно да излезат во што поголема број, и искажат своето мислење.










