„Apple“ ја отстрани една од најполупарните апликации за Кур’ан, во Кина

0
138

На барање на кинеските официјални лица, „Епл“ („Apple“) отстрани една од најпопуларните Кур’ански апликации, во Кина, јавува „MEE“, пренесува „Dubai-Portal“.

Производителот на „Куран Маџид“ („Quran Majeed“), за „MEE“ потврди дека апликацијата со седиште во Пакистан (Pakistan) е укината, додавајќи дека им било препорачано да контактираат со Кинеската администрација за кибернетски простор (CAC), регулаторот и цензурот за интернет.

„Би -Би -Си“ („BBC“) претходно објави дека „Куран Маџид“ („Quran Majeed“) била отстранет од кинескиот сајбер простор, по барање до кинеските владини претставници до „Епл“ („Apple“), кои тврдеа дека апликацијата содржи „нелегални верски текстови“.

Куранот Маџид е развиен и во сопственост на Пакистанските услуги за управување со податоци (PDMS) и се опишува себеси како „една од најдобрите исламски апликации со близу 40 милиони корисници ширум светот“.

Хасан Шафик Ахмед (Hasan Shafiq Ahmed), раководител за раст на компанијата, изјави дека PDMS „се обидува да стапи во контакт со Кинеската администрација за кибернетски простор (CAC) и соодветните кинески власти, така што апликацијата „Куран Маџид“ („Quran Majeed“) може да се врати, бидејќи имаме близу милион корисници во Кина, на кои таквата одлука влијае“.

„Според нашето разбирање, кинескиот закон бара дополнителна документација за некои апликации да бидат достапни на Епп Стор („App Store“) Апликациите со содржина на книги и списанија мора да обезбедат дозвола за објавување на Интернет од кинеската Национална администрација за печат и публикации (NPPA)“, рече Ахмед.

Претставникот на PDMS не кажа дали неговата компанија обезбедила таква дозвола.

„Куран Маџид“ („Quran Majeed“) е достапен во продавницата за апликации на („Епл“) „Apple“ низ целиот свет. Тој нуди дигитализирана верзија на Кур`анот на арапски, придружена со преводи на различни јазици, пронаоѓач на џамија, разни учачи на Кур`ан, аларми за време на намаз и компас за наоѓање на кибла.


„MEE“
„Dubai-Portal“