Партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), вечерва одржаа митинг во Струга, во „Нова Аполониа“, каде каде го презентираше кандидатот за градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, листата на кандидати за советници предводена од Арбреша Влаши, како и изборната програма за Струга.
На вечерашниот митинг присутни беа, лидерот на партијата, Али Ахмети, вицепремиерот, Артан Груби, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири и други.









