„Во Луково бев со мојот пријател Ален Деребан и со многу добронамерни жители на таа област. Разговаравме за проблемите, но и за перспективата. Ги споделив моите ветувања за Луково и цела Струга. Ветив еднаквост за сите населени места и за сите граѓани. Заштита на природата и помош за развој на агротуризмот, се нашите заложби за руралните населби како Луково. Ви благодарам!

Во Нерези се сретнавме со жителите на ова дримколско село ветивме дека ќе ја подобриме основната инфраструктура во селото. Секоја населба, секоја област, секој граѓанин на Општина Струга ќе бидат третирани подеднакво.

Во Пискупштина се запознавме со проблемите одблизу заедно со жителите на оваа област. Се заколнавме дека нема да го заборавиме ниту ова село. Кога ќе го составиме буџетот на Општина Струга, континуирано ќе се консултираме со секоја населба, со секоја заедница.Благодарам за гостопримството!

Почитувани младинци на Делогожда, дами и господа,
Сакам вечерва, од тука во Делогожда, да споделам една добра вест за сите стружани. Струга веќе и се враќа на граѓаните, нашата победа е неизбежна. Синоќешната атмосфера во Радолишта и вечерва во Делогожда се најдобриот показател дека ПОБЕДНИЧКАТА НЕДЕЛА Е ЗАПОЧНАТА. Додека големата прослава ќе се одржи во недела, 17 октомври, каде заедно, цела Струга без разлика на вера или етничка припадност, ќе го прославиме ослободувањето на институциите на локалната власт и нивното враќање кај граѓаните, во сигурни раце, за чисто управување .
Браќа и сестри, имам важна порака за вас. Не паѓајте под разни провокации што доаѓаат од нашите политички противници. Останете смирени. Почекајте уште неколку дена. Политичките дебати меѓу пријателите, другарите и сограѓаните нека останат на ниво на конструктивна дебата. По 17 октомври повторно ќе живееме едни со други. Политиката не смее да не подели.
Имам уште една порака до сите оние граѓани кои од различни причини беа поддржувачи на нашите политички противници. Драги браќа и сестри, пријатели, другари, сограѓани, на 17 октомври, кога ќе одите на гласачката кутија, сетете се на една работа. Гласањето е тајно. Заокружете број 6 и станете дел од ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА на Струга на стружаните. Со нашата победа победуваат сите граѓани, победува Струга. Никој не губи!
За крај, ве поканувам сите утре во 19 часот на МИТИНГОТ НА ПОБЕДАТА во Струга. Среќно на сите. Ви благодарам!“, пишува Истрефи на својата „Фејсбук“ страна.