По тесната победа на изборите над германските конзервативци на канцеларката Ангела Меркел, СПД е уверена дека ќе постигне коалициски договор со Зелените и ФДП и ќе формира нова влада до крајот на годината, пренесува „Reuters“.

Потпретседателот на СПД Кевин Куенерт изрази оптимизам дека т.н  Коалиција „семафор “, именувана по СПД, ФДП и Зелените.

“Цврсто претпоставувам дека ќе формираме коалициска влада. Разговорите започнаа добро, но тие се многу доверливи”, рече Куенер,т во интервју за радиото ARD.

За разлика од многу други европски земји каде претседателот или монархот повикува лидер на партија да се обиде да формира влада, во Германија самите партии одлучуваат кој со кого ќе влезе во политички сојуз.

Конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ, кој го освои второто место на изборите, во принцип може да се обиде да формира коалициска влада, но сепак се опоравува од неочекуваниот пораз.


„B92“
„Dubai-Portal“