„Дозволете ми, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден 11-ти Октомври со желби за понатамошен успех во негувањето на мирот, слободата, демократијата и добрососедството. Денес, после 80 година од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, ние навистина има со што да се гордееме.
Благодарение на овие луѓе во борбата против фашистичкиот окупатор ние денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатланските интеграции како врвен приоритет во развојот на македонската државност.
Струга била и во иднина мора да биди уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите кои ја прават особено автентична и привлечна негувајќи ги вековните традиции.“










