По повод 11-ти Октомври- Ден на народното востание и Ден на борецот, делегација од Општина Струга предводена од градоначалникот, Рамис Мерко и секретарот, Ристо Талески, положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци.

„Честит 11 Октомври – посакуваме остварување на подобра сегашност на денешните и подобра иднина за наредните генерации, слобода и меѓусебна почит.
Нека ни е честит празникот“, стои во изјавата на официјалната „Фејсбук“ страна на Општина Струга