Бабиш го призна поразот од чешката опозициска коалиција

by Administrator

Чешкиот премиер Андреј Бабиш го призна изборниот пораз од двата опозициски сојузи, кои неочекувано го освоија мнозинството во Парламентот по дводневното национално гласање.

„Тоа е животот – ние го разбираме и го прифаќаме тоа“, изјави 67-годишниот Бабиш на 9 октомври, откако беа објавени целосните резултати.

Тој му честиташе на својот противник Петр Фиала, но исто така ја обвини опозицијата дека водела „кампања за оцрнување“.

Според резултатите, популистичката и центристичка партија АНО на мултимилијардерот Бабиш доби 27,1 отсто од гласовите и очекува да добие 72 места во 200-члената Комора на пратеници во Прага.


R.S.E.

You may also like