Со зголемени мерки за безбедност, Ирачаните излегуваат денеска на парламентарни избори распишани по масовните антивладини протести со барање реформи.

Во изборната трка за новиот парламент со вкупно 329 места, ќе се борат 3.249 кандидати што претставуваат 21 коалиција и 109 политички партии.

Гласањето ќе го следат околу 1.800 странски набудувачи, а изборниот процес беше организиран со зголемени безбедносни мерки. Припадниците на ирачките безбедносни сили, Ирачаните во дијаспората и затворениците гласаа во петокот.

Kanal 5