ИСЛАМАБАД (АА) – Силна експлозија одекна во џамија полна со верници во северниот дел на Авганистан, при што загинаа и се повредени повеќемина од нив, потврдија официјални лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Очевидци за AА изјавија дека експлозијата се случила во џамијата на шиитската заедница околу 13:30 часот по локално време, за време на неделната петочна молитва во Големата џамија „Сеједабад“ во градот Кундуз.

Afghanistan mosque explosion kills, wounds scores of worshippers | Fox News

Според локалното радио „Салам Авганистан“, околу 100 верници загинале, а повеќе од 200 други биле повредени во експлозијата.

Шефот на Одделот за информации и култура во Кундуз при талибанската Влада, Матиула Рохани, ја потврди информацијата за експлозијата и рече дека многу цивили загинале во инцидентот.

Afghanistan: Dozens killed as blast hits Kunduz mosque | News | Al Jazeera

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, исто така ја потврди експлозијата во соопштението во кое се вели дека многу граѓани се убиени и ранети.

Тој рече дека талибанските специјални сили пристигнале на местото на настанот и започнале со истрага.

Ова е прва смртоносна експлозија во џамија на шиитската заедница во провинцијата Кундуз, откако талибанците дојдоа на власт во август. Ниту еден поединец или група сѐ уште не презеле одговорност за експлозијата.

Anadolu Agency