Кандидатот за градоначалник на Општина Струга вечерва оствари посета (малска средба) со жителите на Радожда.

Во текот на средбата, г-динот Шипинкароски, ги запознал присутните жители од моменталните проблеми со кои се соочуваат населбите кои ја сочинуваат Општина Струга, притоа потенцирајќи и на самата Радожда.

За време на средбата и разговорите со присутните жители ги уверил дека проблемите треба да се решаваат по приоритет односно онака како што притиска потребата, потенцирајќи на инфраструктирните проблеми на ова населба.

Се разбира во текот на средбата бил запознат и со други проблеми кои ја тиштат ова населба.

Радожда, народ кој е познат по својата гостопримливост.

СДСМ била и останува партија блиска до граѓаните, партија која го слуша гласот на народот, нивните предлози, потреби и идеи.
Како и при секоја посета така и овде разговаравме за реализираните проекти, но отворени сме и за критики затоа што само така се подобруваме.
Граѓаните знаат да направат разлика помеѓу деструктивни политики и одговорно владеење – заврши г-динот Шипинкароски.

Во текот на средбата тој беше придружуван од представници, членови и симпатизери на СДСМ.