Актуелниот градоначалник на Општина Струга г-динот Рамиз Мерко вечерва во просторијата на кафетеријата Хабе оствари средба со жителите на населба Подгорци.

Во текот на средбата и разговорот, потенцирал на проблемите мислејќи на инфраструктурните кои ја тиштат оваа населба и потребата од нивно решавање, иако веќе започнавме со решавање на неколкуте доста важни за ова населба, како од поставувањето на третиот филтер  за водоснабдување на населбата, така и до асфалтирањето на локалниот пат кој води до ова населба, притоа изјавувајќи:

Имавме топол, пријателски и плоден разговор со жителите. Разговаравме за асфалтирање на главниот пат во селото и за проекти што ќе ги реализираме во следниот мандат.

Ги уверив сите присутни дека ќе работиме уште подобро и посилно во следниот мандат, со цел да го исполниме секое нивно барање заврши Мерко.