Триесет и двегодишниот Абдулах Озкан работи како имам во џамија во Таксим, Истанбул. Абдула е курра хафиз, а пред неколку месеци беше назначен за имам на џамијата во Таксим. Хафиз Абдулах не е баш обичен имам. Тој е посебен по тоа што доаѓа во џамијата со својот мотор. Тој го изненади џематлиите со својата љубов и страст за моторите, а исто така го привлекува вниманието на младите луѓе. Хафизот вели дека е многу изненаден, но и среќен бидејќи е назначен за имам на оваа многу посебна, прекрасна џамија во Истанбул.

– Кога слушнав дека сум назначен за имам таму, малку се изненадив, не го очекував тоа. Голема гордост е да се биде прв имам на џамијата во Таксим, изјавил младиот хафиз. Посочувајќи дека џамијата е изградена како комплекс, тој рече дека имаат многу планови за оваа џамија. – Граѓаните беа многу заинтересирани за џамијата откако е отворена.

Џамијата е преполна со џзематлии, особено во петок за време на петочната молитва. Многу луѓе од земјата и странство ја посетуваат џамијата, изјавил Озкан.

Љубовта кон моторите, како што вели Хафизот, трае 13 години, а започна благодарение на неговиот татко. – Секогаш одам во џамија со мотор. Кога доаѓам во џамија, џематлиите не ме препознаваат. Всушност, никој не верува дека јас ја извршувам должноста имам.

Кога го симнувам шлемот ми велат „ова е имамот на џамијата, оџа“, тие се изненадени. Фактот што возам мотор особено го привлекува вниманието на младите, ги охрабрува да дојдат во џамија, рече имамот. Тој посочи и дека на 15 јули, кој е одбележан како „Ден на демократијата и националното единство“, тој ги посетува гробовите на шехидите во Турција во знак на сеќавање на шехидите. – За време на тие посети, разговарам со луѓе. И тие се изненадени, прашувајќи се „дали оџа може да дојде со мотор“. Уште повеќе, тие ме замолуваат да им ја покажам личната карта за да се уверат дека сум јас. Разговорите со нив секогаш одат добро, заклучи Хафиз Абдула.

 

Anadolija/Balkan News