Во турскиот град Амасија, кој се наоѓа на северот на земјата, ученик во основно училиште од осмо одделение, Омер Фарук Четинер, пронашол ранета врана во училишниот двор и ја однел дома на лекување. И оттогаш тие двајца се неразделни пријатели.
– Таа направи многу врева, па ја зедов и ја однесов дома да се лекува. Ја најдов во магливо време, па го нареков Думан (оп. Думан значи чад). Не бега од мене, јас ја чувам, ја сакам, изјави момчето Омер. Откако враната била излечена, момчето ја пуштило. Сепак, таа не сакала да го остави својот спасител, па продолжува да го следи и да ги следи неговите стапки, па дури и на училиште.
Омер заминува на училиште, а и враната со него. Други ученици и наставници се запознаени со ситуацијата, така што дозволуваат врана да влезе во училницата и да остане со нив, згора на тоа, го оставаат прозорецот отворен за да може да влезе кога сака. Помладите ученици се малку исплашени кога враната е на час, но малку постарите играат со неа и ја хранат.
– Училиштето започна, а враната не се одвојува од Омер. Се додека Омер е на училиште, и враната е таму. Нашите ученици и наставници исто така го сакаат тоа. Понекогаш доаѓа во мојата канцеларија, понекогаш оди на часови, понекогаш е во училницата. Цел дене со нас, изјави директорот на училиштето, Мурат Ондер. И еден од учениците, Халил Болат, исто така, вели дека многу ја сака враната, и дека тие си играат со неа. – Го делиме училиштето со неа. Понекогаш игра со нас. Таа е наша училишна пријателка, маскота на нашето училиште, истакнал ученикот Халил.
![]()


Anadolija/Balkan News










