Карим Бензема за францускиот медиум „Л`Екип“ изјави дека неговиот репрезентативен колега Килијан Мбапе сигурно ќе оди во Реал Мадрид.
Ова лето Мбапе беше блиску до трансфер во редовите на „кралскиот“ клуб, но ПСЖ не сакаше да го пушти својот играч дури и по цел да замине слободно следното лето.
„Килијан Мбапе еден ден ќе му се придружи на Реал Мадрид, сигурен сум. Не знам кога, но тој дека ќе дојде, прашање е само на време. Тој самиот го кажа тоа“, откри Бензема.
Мали се шансите Мбапе да дојде во зима, ПСЖ сака конечно да ја освои титулата во Лигата на шампионите и со сите сили се обидува напаѓачот да остане, што во моментов е практично невозможно.
Сè поизвесно е дека Мбапе ќе се пресели Реал на 1 јули 2022 година како слободен играч.
„Sloboden pecat“










