АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика сите политички партии во Парламентот да ги споделат своите нацрт-предлози за новиот Устав, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот Устав, кој ќе биде подготвен со консензус на нашето Собрание, ако е можно, ќе биде најдобриот подарок што можеме да ѝ го дадеме на нашата нација во 2023 година [на стогодишнината од Републиката]“, рече Ердоган на отворањето на новата законодавна година на турскиот Парламент.
Ердоган изрази надеж дека политичките партии во Парламентот наскоро ќе ги споделат своите нацрт-предлози.
„Покренавме иницијатива [за нов Устав], ги правиме нашите подготовки“, додаде тој.
Сегашниот турски Устав беше направен по воениот удар во 1980 година, а турскиот претседател Ердоган се залага за подготвување нов Устав во рамките на цивилната власт.
На почетокот од годинава, Ердоган ги повика сите политички партии да бидат дел од процесот, повик поддржан од Партијата за национално движење (МХП), дел од Народната алијанса формирана заедно со Партијата за правда и развој (АК Parti).
Турскиот претседател неодамна соопшти дека АК Партијата планира да го објави својот нацрт за нов, граѓански Устав, на почетокот на 2022 година.
Anadolu Agency










