Војниците на израелската окупација вчера ги бркаа палестинските деца, кои беа на пат кон училиште во селото Ал-Лубан Ал-Шаркија (Al-Lubban Al-Sharqiya), во близина на Наблус (Nablus), објави „WAFA“.
Локалните жители за новинската агенција изјавија дека војниците ги привеле и ги малтретирале децата и ги принудиле да одат на алтернативна подолга и посложена рута до училиштето.
Претходно оваа недела, израелски доселеник го паркираше својот автомобил на влезот во селското средно училиште за девојчиња, во обид да ги испровоцира децата и нивните наставници. Војниците ја затворија вратата на училиштето и ги спречија учениците да влегуваат и излегуваат од просториите.
Тие, исто така, задржаа 17-годишно палестинско момче од блиското село Амурија ( Ammuriya) повеќе од два часа. Тој беше ослободен без обвинение.
Поради локацијата на главниот пат на Западниот Брег (West Bank), користена од доселеници кои патуваат меѓу нивните илегални населби и Ерусалим (Jerusalem), учениците честопати се малтретирани и напаѓани од војници и доселеници.
Израел го окупира Западниот Брег од 1967 година. Прекршувањата на човековите права врз Палестинците и кршењето на меѓународното право се вообичаени, велат организациите за човекови права.
Повеќе од 600.000 Еврејски Израелци живеат во населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Сите населби на Израел се нелегални според меѓународното право, со што државата на апартхејдот се однесува со презир.
„Dubai-Portal“
„MEMO“








