Сирискиот министер за надворешни работи, Фајсал Мекдад, ги повика САД и Турција да ги повлечат своите војници од арапската република, а во своето обраќање во понеделникот на Генералното собрание на ОН, тој ги предупреди сепаратистите на северот од земјата да не бараат помош од странските сили.

Мекдад нагласи дека секое странско присуство на сириско тло без согласност на сириската влада е незаконско и претставува флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН.

„Присуството на турските и американските сили, кои продолжуваат да „окупираат“ сириски територии под лажни изговори и нивното ограбување на националните ресурси на сирискиот народ, треба да престане веднаш и без никакви предуслови“, рече тој.

Покрај тоа, Макдад потврди дека Дамаск е подготвен да ги прифати сите бегалци кои ги напуштиле своите домови поради непријателствата.


„Upi / Duvarenglish“
„Dubai-Portal“