АНКАРА (АА) – Високи претставници на Турција и Франција денес потпишаа протокол за трговските односи, инвестициите и соработката во други земји, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Протоколот на Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO) исто така го опфаќа Европскиот зелен договор и е ‘одраз на конструктивни преговори и помирување’“, напиша турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, на Твитер.

Соопштението е објавено по состанокот на министерот Муш со Франк Ристер, министер за надворешна трговија и економија на Франција.

За време на состанокот во Истанбул, двајцата министри разговараа и за ажурирање на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ.

Anadolu Agency