ЏАРАБУЛУС (АА) – Според првичните извештаи, еден цивил загина, а 15 цивили, меѓу кои и деца, се повредени во истовремени терористички напади извршени на две различни точки во градот Џарабулус во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Експлозивот поставен на мотоцикл и контејнер за ѓубре е активиран истовремено во центарот на Џарабулус, кој беше ослободен од тероризмот со турската операција „Штитот на Еуфрат“.

Во нападите, според првичните информации, еден цивил го загубил животот, а 15 цивили, меѓу кои и деца, се повредени.

Повредените се префрлени во болниците во Џарабулус.

Локалните безбедносни сили кои водат истрага на местото на настанот се фокусираат на можноста нападот да бил организиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја продолжува својата окупација во регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички акции врз регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.

Anadolu Agency