Европската Комисија потврди дека утре ќе се одржи рунда преговори помеѓу Косово и Србија во Брисел. Портпаролите на Европската комисија денеска беа во можност да потврдат дека средбата ќе се одржи откако две недели ситуацијата на северот на Косово ескалира.
-Деескалацијата е главен приоритет, а вториот е враќање на ситуација каде се разговара за сите отворени прашања во рамките на дијалогот за нормализација на односите, сите проблеми треба да се дискутираат во рамките на дијалогот што го олеснува ЕУ, позиција на целата ЕУ е дека двете страни треба да ги решат прашањата во рамките на дијалогот за да се постигне правно обврзувачки договор за нормализација на односите и да се избегнат вакви ситуации во иднина, изјави Петер Стано, портпарол за надворешни работи.
Tv21










