Авганистан: Талибанците забранија бричење на брадите

by Administrator

Талибанските локални власти во јужната авганистанска покраина Хелманд издадоа забрана за бричење на брадите, јавија локалните медиуми.

Талибанскиот директор за култура и информирање, Хафиз Рашид Хелман,д рече за дневниот весник Етилалатроз, дека таа одлука ја донела талибанската верска полиција на состанокот со сопствениците на берберски салони во јужната покраина.

Официјалното писмо на талибанските власти кружело на социјалните мрежи, а во него талибанските покраински вршители на должности ги предупредија берберите дека ќе трпат последици ако на некој му ја избричат брадата.

*Брадата е суннет на пејгамберот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем.

Sloboden pecat

 

 

You may also like