Францускиот претседател Емануел Макрон повторно беше нападнат.

Ваквите инциденти не се нови за францускиот претседател, кој се соочува со силни критики во последните месеци поради економијата и ограничувањата поврзани со коронавирусот.

Лицето е приведено откако фрли предмет во облик на јајце кон претседателот. Инцидентот се случил на денешната посета на Макрон во градот Лион на југот на Франција,пренесува “France 3”

Твитот гласи: “Додека патуваше за Лион, Емануел Макрон стана жртва на напад со јајца. Безбедносната служба уапси млад човек”.

 

Sloboden pecat