Ветеринарот Нуман Сунар и неговата сопруга, земјоделски инженер, Рабија, откако им здодеа животот во Коџаели, одлучиле да ги напуштат своите работни места, да се преселат на село и таму да почнат да одгледуваат бадеми. Во селото Бесни, од каде што доаѓа Нуман и од каде заминал во 1986 година, двојката засадиле бадемово дрво на приближно 400 хектари земја, што произведува 100 тони од овој орев годишно, со што придонесе за турската економија.

Нуман, додека сѐ уште работел како ветеринар во турскиот град Коџаели, одлучил да го оствари својот сон, а тоа е да основа фарма. Со обидите да го оствари својот сон, и со поддршка на неговата сопруга Рабие, заминувањето од градот во селото се случи спонтано. „Само што ја зедов јакната и си заминав“, се сеќава Нуман.

Рабија, сопругата на Нуман, исто така е среќна и задоволна од одлуката да го напушти градот и да започне со одгледување бадеми. – Мило ми е што сум жена претприемач. Секоја жена успева, а храброста е особено важна. Нема ништо што не можам да го постигнам со образование и поддршка, рече Рабија.

Bračni par u Turskoj napustio posao u gradu, vratili se u selo da uzgajaju bademe