Нема многу што да се каже за љубовта на децата кон претседателот Реџеп Таип Ердоган. Децата од Сирија, исто така, ја негуваат својата љубов кон претседателот на Република Турција, кој бегајќи од настаните од војната, својот дом го нашле в земо овааја. Многумина од нив во Турција научија да зборуваат, да одат, да трчаат … Единаесетгодишната Алија и нејзиниот седумгодишен брат Хусеин Халеф по потекло се од Сирија и веќе пет години живеат во квартот Кахта, во близина на турскиот град Адијаман.
Двајцата, додека престојуваа во Турција, го научија и турскиот јазик. А турскиот претседател Ердоган, вели Алија, е многу популарен. – Татко овде многу е зафатен со собирање отпад и рециклирање. Тука научив турски. Многу ги сакам Турција и Реџеп Таип Ердоган затоа што ни помага и се грижи за нас, рече Алија.
![]()
Алија и нејзиниот брат Хусеин еднаш го видоа Ахмет Ајдин, пратеник од АК од Адијаман, како посетува трговци во областа Кахта. Побрзаа и побараа од него фотографија од претседателот Реџеп Таип Ердоган, која ќе можат да ја земат дома. Пратеникот Ајдин ја исполни нивната желба и им подари брошура со слика на претседателот на Турција и слика со нив.











