Премиерот на Косово, Албин Курти, се обрати на денешната прес -конференција на српски јазик и рече дека Владата на Косово и нејзините граѓани не се за предизвикување инциденти и дека тој лично е во честа комуникација со луѓе од српската заедница кои се за соработка , но, исплашени „од притисокот на паралелните структури“, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Курти рече дека специјалци на косовската полиција се присутни на северот на Косово со цел да ја поддржат граничната полиција, поради ризикот од „луѓе кои протестираат и нивните структури“.
Тој изјави дека специјалните единици немаат друга цел освен заштита на граничната полиција на премините „Брњак“ и „Јариње“.
„Нашата одлука и мерките што ги презедовме не се наменети против никого. Ние сакаме слобода на движење и веруваме дека за ова треба да се разговара во Брисел. Ние сме многу отворени за тие разговори и ја покажавме нашата подготвеност и на господинот Бореl и на господинот Лајчак, но се чини дека немаше подготвеност од страна на Белград“, рече Курти.
Премиерот на Косово нагласува дека не е во ничиј интерес ситуацијата на северот на Косово да се влоши и да ескалира.
„Морам да кажам дека ако го следите начинот на кој зборува претседателот на Србија, тогаш се чини дека некому му се потребни инциденти, но тоа не е премиер на Косово и тие не се државјани на Косово, без оглед на нивната националност. „Не сакам ниту Србија ниту Косово да воведат привремени регистарски таблички, но ние мора да ги имаме нашите привремени регистарски таблички се додека Србија има свои“, рече Курти.
Премиерот на Косово посочи дека е во постојана комуникација со многу Срби кои живеат во Косово, од кои некои се политичари во Владата на Косово, како и со оние кои не се политички активни, и дека тој не прави никаква разлика помеѓу нив.
„Но, морам да кажам дека има Срби на Косово кои прават разлика, кога ќе се сретнат со мене, не сакаат тоа да биде јавно. И мене ми е жал што сме во оваа ситуација. Ми рекоа дека кога ќе се вратат во нивната општина, можеби нема да можам да ги бранам таму. Не мислам дека Србите од Косово се плашат од оваа влада, но има некои други фактори од кои тие се плашат. Тука сум за сите граѓани, без оглед на политичката партија или националната припадност, но сеуште не сме во ситуација да можеме да ја браниме секоја од различните паралелни структури“, нагласи косовскиот премиер.
Курти го наведе примерот на Србин од Ранилуг, кого го назначи за советник, и додаде дека „поднесе оставка по неколку часа поради закани и заплашувања“.
„Значи, ако Србите на Косово се плашат од некого, бидете сигурни дека тоа не сум јас или мојата влада“, заклучи Курти.
*Говорот на српски јазик започнува од 21:42
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=VppQofbZX5c[/embedyt]
„Sputnik“
„Dubai-Portal“









